8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Во 2021 година светот произведе 10% електрична енергија од ветар и сонце

Kabtel desktop

Светот во 2021 година користејќи ја енергијата на сонцето и ветрот по прв пат произведе 10% електрична енергија на глобално ниво, покажа новата анализа. Педесет земји во светот добиваат над 10% од својата енергија од сонце и од ветар, велат резултатите на истражувањето на британскиот истражувачки центар за климатски промени и енергија Ember.

Со закрепнувањето на светската економија од пандемијата на КОВИД-19 во 2021 година се зголеми побарувачката за енергија со рекордна брзина. Поради тоа дојде до најголема потреба за енергија од јаглен, односно со најголема стапка од 1985 година досега.

Во текот на 2021 година од енергијата од сонцето и ветрот и останатите чисти извори се произведени 38% од светската електрична енергија. По прв пат турбините на ветар и соларните панели произведоа 10% од вкупната енергија, а уделот на ветрот и сонцето во производството на енергија трикратно се зголеми во споредба со 2015 година, кога е потпишан Парискиот климатски договор.

Најбрз премин на енергија на вeтар и сонце има во Холандија, Австралија и во Виетнам. Сите три земји во последните две години префрлиле 1/10 од својата побарувачка за електрична енергија од фосилни горива на зелени извори.

Холандија е одличен пример за земја на северната хемисфера која докажа дека не е битно само клкав период во годината има сончеви денови, туку е многу битна и еефикасната енергетска политика на земјата.

Во Виетнам, пак, е забележан спектакуларен раст на користење на соларната енергија за една година од дури 300%. И покрај фактот дека земјите како Данска добиваат над 50% од електричната енергија од сонцето и ветрот, во 2021 година таму имаше пораст и на производството на енергија од јаглен.

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!