Путин забрани купување странски софтвер

- Advertisement -


Рускиот претседател Путин забрани од 31 март натаму да се купува странски софтвер за критичната информациска структура без согласност од овластен извршен орган. Под таквата ифраструктура се подразбира склоп на информациски системи и телекомуникациски мрежи кои се критични за функционирање на клучните области на државата и општеството, како што се здравството, индустријата, комуникациите, сообраќајот, енергетиката, финансискиот сектор и градското стопанство, пренесуваат медиумите.

Указот на рускиот претседател денес беше објавен на државниот официјален портал.

- Advertisement -

„Наложувам од 31 март 2022 година дека нарачателите не можат повеќе да купуваат странски софтвер со цел негово користење на сите битни објекти од критичната информациска инфраструктура на Русија, како у купување услуги неопходни за користење на овој софтвер на такви објекти, без добрение за купување од овластен орган на изврпната власт“ се вели во документот кој го потпиша Владимир Путин.

Во случај да не е можна работа без таков софтвер и соодветни услуги, купувањето мора да биде усогласено со овластените органи. Покрај тоа, од 1 јануари 2025 година државните органи целосно ќе забранат користење на странски софтвер на значајни објекти од виталната инфраструктура.

- Advertisement -

Западот после почетокот на, како што ја нарекува Русија, специјалната воена операција во Украина, воведе нови санкции кои се насочени пред се кон банкарскиот сектор и секторот за испорака на високотехнолошки производи. Русија во такви услого презеде мерки, меѓу кои е и поддршката за компаниите од ИТ секторот. Меѓу другото, во наредните две години нема да плаќаат данок на приходи, а на младите експерти ќе им биде одложен повикот за служење воен рок.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -