НАСА и Nokia воведуваат 4G мрежа во вселената

- Advertisement -

Годинава треба да биде лансирана ракетата на SpaceX која ќе носи еднставна 4G мрежа до Месечината. Точниот датум допрва треба да биде потврден. Лендерот ќе инсталира систем на јужниот пол на Месечината, а потоа ќе биде далечински контролиран од Земјата.

Првиот предизвик за да се покрене мрежата е да се има ќелиска опрема квалификувана за користење на просторот која ги исполнува барањата за големина, тежина и моќност, како и поставување без техничари, велат од НАСА.

- Advertisement -

Единицата за 4G мрежа се гради во Nokia Bell Labs, каде што користат дотапни комефцијални компоненти. Ќе биде ставена на платформа која ја прави американската компанија Intuitive Machines, а кога ќе се постави, ќе се поврзе со платформата преку радиоопрема со две возила кои имаат посебна мисија – потрага по мраз.

Едно од возилата, Lunar Outpost rover, ќе го истражува подрачјето познато како Шеклтон, а другото,, Micro-Nova хоперот, ќе влезе во кратерот за да ги скениратрагите од Месечев мраз одблиску.

- Advertisement -

Сликите од тој мраз би биле првите од тој тип во светот. Лунарниот лед би можел да се користи за создавање кислород на Месечината, па дури и загориво кое на крајот ќе може да се користи за мисии на Марс од Месечината.

Bell Labs во 2020 година доби грант од 14,1 милиони долари, а во јануари годинава Nokiа ја избра Американската агенција за напредни истражувања на полето на одбрабата да почне да работи на инфраструктура за комуникациски услуги, која на крајот ќе послужи како рамка за лунарна економија.

- Advertisement -

Ако мрежата го издржи патувањето во орбитата, а потоа се размести и издржи автономно среде вакуумска средина, диви флуктуации на температурата и космичкото зрачење, ќе може да преживе на најнеппристапните локации на Земјата, како што се поларните ледени капи, пустините или крајбрежните подрачја.

(Bizlife)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -