ВИДЕО: Ова е Музејот на иднината – вашата шанса да живеете во 2071 година

- Advertisement -

Не е тајна дека во Дубаи се наоѓаат некои од највеличествените градби во светот. Убавите згради и структурите кои ќе ви го одземат здивот му помогнаат на главниот град на ОАЕ да изгради солидна основа за ешитетот една од најдобрите туристички дестинации во светот.

На 22 февруари годинава Дубаи додаде уште една величествена градба во своите архитектонски чуда – Музејот на иднината. Станува збор за градба која оддава почит на науката и технологијата која на луѓето ќе им овозможи да живеат во иднината. Таму ќе може да се видат некои од најфутуристичките технологии, идеи и иновативни производи.

- Advertisement -

Спектакуларната градба на музејот можеби е една од најсложените и најкомплицирани дизајни кога било креирани во историјата и претворени во реалност. Неговото величество шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетелот на Дубаи, веќе ја прогласи структурата за најубавата зграда во светот.

Музејот има елиптична форма, за што постојат повеќе различни симболични инбтерпретации. Некои ја споредуваат структурата со човечкото око кое гледа во иднината. На дизајнерот Џон Кила од Killa Designs му биле потребни шест години за да го направи. Иако формата привлекува најмногу внимание, тоа не е единственото нешто што е посебно кај музејот.

- Advertisement -

За почеток, тркалезниот дизајн значи дека музејот нема агли или столбови на ниту еден од седумте ката. Надворешноста од нерѓосувачки челик е направена точно од 1024 панели кои ги претставуваат 1024 бита во килобит. Секој панел е покриен со арапски поговорки. Една од нив е „Иднината им припаѓа на тие што можат да ја замислат, да ја дизајнираат и да ја реализираат“. Написите на арапски јазик по целата зграда исто така го прават музејот една од најголемите културни икони во ОАЕ.

Музејот на иднината е составен од лоби и седум нивоа, од кои секое е посветено на посебна научна тема.Првото ниво е посветено посебно на децата, каде што тие можат да уживаат во три искуства – Замисли, Дизајнирај и Гради. Второто ниво е посветено на најновите достигнувања на полето наука и технологија со истражување на различни производи развиени од компании од целиот свет.

- Advertisement -

Третото ниво е велнес центар Al Waha, дизајниран да им помогне на посетителите да се реконектираат со себеси со дистанцирањ еод технологијата. Четвртото ниво е т.н. Heal Institute, односно рекреација на дождовните шуми на Амазон, каде што може да се видат стотици различни животинско видови.

Петтото ниво е OSS Hope и е највозбудливиот дел од музејот. Кога ќе го посетите овој модел на вселенска станица одобрен од НАСА, тоа е исто како да сте патувале 500 км над Земјата. Шестото ниво е резервирано за приватни канцеларии, а на седмото можете да посетувате конференции, настани и друи да снимате видеа.

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -