Забележана најстарата и најоддалечената ѕвезда досега

- Advertisement -

Астрономите изминатите години беа многу успешни во откривањето на најоддалечените галаксии во вселената, а сега изгледа ја открија и најоддалечената ѕвезда кога било „видена со очите“ на вселенскиот телескоп Hubble.

Ова откритие објавено на страницата на НАСА, Hubblesite уште не е потврдено, но ако се потврди, ѕвездата ќе го сруши претходниот рекорд. Најстарата ѕвезда досега беше MACS J1149+2223 Lensed Star 1, која се создала кога вселената била стара околу 4 милијарди години.

- Advertisement -

Новооткриената ѕвезда го носи името Earendel (утринска ѕвезда на староанглиски јазикj, а е оддалечена 12,9 милијарди светлосни години од нас, што значи дека светлината која ја гледаме од неа доаѓа до нас од времето кога вселената вила стара отприлика 900 милиони години. Досега најмалите објекти видена на тоа растојание се ѕвездени јата.

Откритието е постигнато со користење на гравитациски леќи, односно со базирање на гравитацијата на јатата галаксии за да се изобличи светлината и да се зголемат објектите кои инаку би било тешко или невозможно да се откријат.

- Advertisement -

Светлото на галаксијата-домаќин на ѕвездата е искривено во долг лак како резултат на масивната галаксија WHL0137-08. Додека Earendel се наоѓа на работ на каустичен простор или испакнување во ткивото на вселената, неговата светлина е зголемена илјада пати.

Earendel, исто така, е огромно чудовиште. Научниците проценуваат дека има маса најмалку 50 пати поголема од масата на Сонцето и дека е милион пати посветла ѕвезда. Исто така, се верува дека има релативно малку метали затоа што се формирал кога немало пристап до потешки елементи кои доаѓаат со новите генерации ѕвезди.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -