Канада планира да забрани нови автомобили со внатрешно согорување до 2035 година

- Advertisement -

Додека владите се борат со климатските промени, забраните на моторите со внатрешно согорување е една од најдобрите мерки да се добие таа борба. Од друга страна, многу производители на автомобили веќе најавија дека ќе престанат да произведуваат возила со мотори со внатрешно согорување до средината на идната деценија,

Последната земја во низата кои донесоа таква одлука е Канада. Земјата се обврза да достигне нула емисија на стакленички гасови до 2050 година, а до 2030 година да ја намали емисијата на гасови за 45%-50% во споредба со нивото од 2005 година.

- Advertisement -

Со цел да ја оствари таа цел премиерот на Канада, Џастин Трудо, во јуни минатата година најави дека Канада ќе ја забрани продажбата на нови возила со мотори со внатрешно согорување до 2035 година.

Канада неодамна го објави својот план Emissions Reduction Plan за достигнување нула емисија на гасови. Планот вклучува поддршка за проектите за обновлива енергија и развој на природни климатски решенија.

- Advertisement -

Канада сака до 2026 година 20% од продадените нови возила да имаат нула емисија на гасови, а до 2030 година тој процент да биде 60%. Не е познато како планира да ја оствари таа цел затоа што не е наведено дали производителите на автомобили ќе бидат обврзани да продаваат повеќе електрични возила или ќе го лимитираат волуменот на продадени возила.

Што се однесува на комерцијалните возила, Канада има за цел до 2035 година 35% од средните и тешките возила да имаат нула емисија на гасови. До 2040 година тој процент планирано е да биде 100%.

- Advertisement -

Канада има издвоено субвенции во вкупна вредност од 1,36 милијарди долари за купување електрични возила и други возила со нула емисија.

(Interesting Engineering)

(фото:Pxhere )

Сподели!
- Advertisement -