Писател собра најмногу пари на Kickstarter откога постои платформата

- Advertisement -

Американскиот автор на епска фантазија и научна фантастика, Брендон Сандерсон, е најпознат по измислената вселена Cosmer, во кој се сместени најголе дел од неговите фантастични романи, како и сериите Mistborn и Stormlight.

Тој е еден од најпопуларните живи американски писатели на денешницата и сега одлучи самостојно да издаде комплет од четири нови „тајни“ романи, па се послужи со платформата за групно фифнансирање Kickstarter. Таму направи кампања во која бараше 1 милион долари.

- Advertisement -

Ако тие пари ви се чинат многу за еден книжевен проект, што ќе речете ако ви кажеме дека со кампањата не само што собрал 1 милион долари, туку неговата кампања стана најуспешната кампања во историјата на Kickstarter затоа што Сандерс за само 30 дена собра неверојатни 41 милион долари (41.754.153).

Со тоа неговата кампања собра дупло повеќе од претходниот рекорд на Kickstarter на паметниот часовник Pebble Time, кој собра над 20 милиони долари.

- Advertisement -

Сите четири нови романи носат наслови „Secret Novels 1-4“, што значи дека пред да ги добиете во рака нема да знаете за што се зборува во нив, освен тоа што го откри Сандерс дека за разлика од еругите негови романи, дејствието на овие не е сместено во измислената вселена Cosmere.

На поддржувачите на кампањата на Kickstarter им беше понудено да добијат 4 дигитални е-книги за 40 долари, аудио книги за 60 долари или печатени изданија за 160 долари. Испораката се очекува да се одвива во текот на четирите квартали од 2023 година.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Kickstarter)

Сподели!
- Advertisement -