Кина ќе ја тестира дигиталната валута јуан во повеќе градови

- Advertisement -

Кинеската централна банка во саботата објави дека ќе ја прошири пилот шемата за дигиталната валута јуан во повеќе области, вклучувајќи и градови од источната провинција Жеџианг, каде што годинава ќе се одржи Asian Games.

Народната банка на Кина истакна дека ќе го промовира истражувањето и развојот на дигиталната валута, која се вика e-CNY, и ќе ја прошири пилот-шемата. Тианџин, Чонгкинг, Гуангжу, Фужу, Џиамен и уште шест други градови на брегот на провинцијата Жеџианг ќе бидат додадени на листата со 10 големи градови во кои се тестира пилот-шемата за користење на e-CNY, се вели во соопштението од банката.

- Advertisement -

Шесте градови во Жеџианг, меѓу кои е и главниот град Хангжу, ќе бидат домаќини на Asian Games во септември годинава. Народната банка изминатите години го промовираше дигиталниот јуан и се надеваше дека ќе може да ги искористи Зимските олимписки игри во Пекинг како начин за глобализација на дигиталната валута.

Сепак, пандемијата на КОВИД-19 не дозволи на игрите да има илјадници посетители од целиот свет и наместо тоа, публиката беше локална.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -