Кина испрати илјадници здравствени работници и војска да ги тестираат жителите на Шангај

- Advertisement -

Кина испрати илјадници здравствени работници и војска во Шангај за да помогнат во тестирањето на КОВИД-19 на сите 26 милиони жители на градот. Ова е една од најголемите здравствени мерки во земјата досега од почетокот на пандемијата .

Некои жители само што се разбудиле пред својата врата најдоа здравствени работници кои ги чекаа да им земат брис од грло за тестирањето на нуклеинска киселина во домовите.

- Advertisement -

People’s Liberation Army (PLA) вчера испрати над 2.000 лица медицински персонал од армијата, морнарицата и заедничка логистичка поддршка за Шангај. Над 10.000 здравствени работници од провинции како Џиангцу, Жеиџанг и од Пекинг пристингаа во Шангај, пишуваат државните медиуми.

Ова е најголемиот одговор на Кина после првичниот бран на КОВИД-19 на крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан. Во тоа време PLA испратила над 4.000 лица медицински персонал во провинцијата Хубеи, каде што се наоѓа и Вухан.

- Advertisement -

Шангај моментално се наоѓа во наголемиот карантин во земјата од почетокот на пандемијата. Карантинот започна на 28 март и ќе се одвива во две фази, а сите жители на градот се принудени да останат во своите домоив. Вчера побараа од жителите и да се сaмотестираат дома.

Градот, всушност, е еден вид на тестирање на кинеската стратегија за елиминација на КОВИД-19 со тестирање, следење и ставање во карантин на сите позитивни случаи и нивните блиски контакти. Ова, воедно, е и најнаселениот кинески град.

- Advertisement -

Кина има вкупно 12.400 институции кои можат да ги обработуваат тестовите за дури 900 милиони луѓе дневно. Кина главно користи т.н. pool тестирање, односно мешаат до 20 примероци на брис за побрзо процесирање.

(Reuters)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -