Компанијата која стои позади мегапопуларната игра Fortnite, Epic Games, изјави дека заедно со Xbox собрале 144 милиони долари хуманитарна помош за Украина. Тие на 21 март најавија дека ќе ги донираат сите приходи од продажбата во самите игри, вклучувајќи ги и козметичките производи во игрите и виртуелните валути кои се купуваат во продавница или онлајн се до 3 април.
Xbox, кој е дел од Microsoft, исто така ја донира својата заработка од сите производи кои играчите ги купуваат во самите игри Fortnite. Од Epic искрено се заблагодарија на сите кои помогнале да се соберат парите.
„Заедно со заедницата на Fortnite и Xbox собравме 144 милиони долари за Direct Relief, УНИЦЕФ, Светската програма за храна на ОН, Високиот комесар за бегалци на ОН и за Светска централна кујна како поддршка за нивната хуманитарна помош за луѓето погодени од војната во Украина“ напиша Epic на својот блог.
Epic не е единствената компанија за производство на игри која собира пари за да и помогне на Украина. На пример, компанијата Humble Bundle, која продава видеоигри, собра над 20 милиони долари помош.
(BBC)
(фото: Epic Games)