Со СН Финансии и Агротехна до велосипед на рати

- Advertisement -

Кога едно финансиско друштво со една компанија која работи во сферата на трговија ќе препознаат шанса во која соработката ќе значи бенефит за крајните потрошувачи се раѓа пакет на производи кои се логичен след на таквата соработка. 
СН Финансии е првата Финтек компaнија во Македонија основана пред 5 години со домашен капитал и за мошне кратко време,  одлично се позиционира на пазарот, каде што изгради имиџ на брз и квалитетен сервис на полето на кредитирањето, платежните картички, издавањето на гаранции, како и факторинг. А Агротехна веќе 31 година е една од водечките компaнии за продажба на бела техника, акустика, апарати за домаќинство, мебел, велосипеди и се што е потребно на еден дом. 
Петгодишната успешна соработка на овие два бренда, деновиве се круниса со настан во Битола, на кој беа презентирани нови погодности за кредитирање на купувачите, и тоа наменски насочени кон купувањето на велосипеди МАХ. Имено, Агротехна е компанија која е сопственик на брендот МАХ и отсега по мошне поволни услови, истите ќе можат да се купат на кредит, со месечна рата од само 500ден.

„Денес сме тука домаќини на еден настан кој е круна на 5 годишното работење со Агротехна.Практично со оваа комапнија работиме од првата година на нашето постоење. Тоа е вреден доказ зошто токму со оваа компанија имаме и шанса да развиваме посебни продукти за кредитирање на клиенти, иако веќе денес на нашата листа имаме 150 трговски партнери и синдикати со кои соработуваме„ – истакна м-р Томе Чагоровски менаџер за продажба и маркетинг.

- Advertisement -

СН финансии е компанија која е целосно орентирана кон клинетите и со евидентен стабилен и здрав раст во изминатите 5 години.Познати се по брзина и ефикасност. Одобрувањето на кредити се брои во минути.Она што особено ги поттикна двете компании со креирање на посебен продукт за кредитирање на граѓаните за велосипеди МАХ е придобивката која градовите и жителите во нив со возење на велосипеди ја добиваат. Се намалува загадувањето, се штеди, придобивки има и здравјето на тие што возат велосипед.

„Како основачи на брендот на велосипеди МАХ сакаме што повеќе наши граѓани да купат велосипед, со една цел, а таа е градовите да се профилираат во мапата на светски градови кои го поттикнуваат велосипедизмот. Кај нас постои една нагорна тенденција за здрав живот и за еколошко живеење, но уште е тоа скромно. Сакаме што повеќе луѓе да бидат свесни за придобивките од возење на велосипед, особено на луѓе кои патуваат до и од работа на верниот пријател на две тркала. Нашата мисија е јасна, а во СН финансиско друштво најдовме партнер кој препознава зошто треба да се поддржи ваква иницијатива и со привлечно кредитирање, секој жител на Македонија да има шанса да си купи нов велосипед„ – истакна Влатко Марковиќ директор за големопродажба на Агротехна.

СН Финансии е една од водечките Финтек комапнии во овој дел од Европа, кои наметнаа дигитална револуција во онлајн кредитирањето. Компанијата е препознатлива и по сите свои проекти кои и го даваат епитетот на општествено-одговорна комапнија која ги поместува границите кога станува збор и за корпоративна култура, која е суштински темел на нејзиниот успех.
„Современиот пристап во креирање финансиски понуди за кредитирање според потребите и очекувањата на клиентите е она што го прави СН финансии препознатлива финтек компанија, поинаква од другите на пазарот. Наша цел е нашите клиенти да бидат нашето семејство, да мислиме на нивните потреби, но и да делуваме одговорно кон придобивките на начинот на живот кои ги лоцираме од здравствени до економски, социјални, еколошки….Во Агротехна имаме долгогодишен партнер со кој имаме простор да креираме и посебни финансиски понуди во интерес на крајниот потрошувач„ – изјави Никола Јошевски генерален директор на СН финансии.
Купувајте урбани велосипеди МАХ за само 500 ден/месечна рата.Велосипедот треба да ни стане начин на живот.Бидете паметни, купувајте паметно, возете паметно…зошто само паметни луѓе ќе направат паметни градови.

Сподели!
- Advertisement -