Грета Тунберг есенва ќе ја објави книгата „The Climate Book“

- Advertisement -

Издавачката куќа Penguin есенва ќе ја објави книгата „The Climate Book,” дело на активистката за климатски промени Грета Тунберг. Над 100 луѓе придонеле за книгата и содржи анализа на тоа како се поврзани многу од кризите на Земјата.

„Одлучив да ја искористам мојата платформа за да напишам книга базирана на најдобрата наука во моментот, книга холистично се занимава со климатските, еколошките и кризите со одржливоста. Бидејќи климатските промени се само симптом на многу поголема криза за одржливост. Се надевам дека книгата ќе биде едн вид на извор на објасненија на овие тесно поврзани кризи“ вели Тунберг.

- Advertisement -

Сите што придонеле на темата климатски промени го направиле тоа од различни перспективи. Научници од целиот свет дале свој придонес, меѓу кои се и експертот за промените на морињата и мразот, Рикарда Винкелман од Потсдам, Германија, морскиот биолог Ајана Елизабет Џонсон, географот од Чад Хинду Умару Ибрахим. Канадската новелистка Маргарет Атвуд и францускиот економист Томас Пикерти исто така ги споделиле своите ставови за климата.

Тунберг веќе има објавено три книги, од кои на две коавтори се нејзините родители и сестра и. Во нејзината нова книга Тунберг ги споделува своите искуства од климатскиот активизам и лажното рекламирање на компаниите дека нивното работење не загадува. Таа потенцира дека луѓето мора да сфатат дека многу компании не лажат дека нивните бизниси се „зелени“ пред да преземеме нешто.

- Advertisement -

„Сега најмногу ни треба надеж. Но, надежта не значи дека треба да се преправаме дека се ќе биде добро. За мене надежта не е нешто што тие го даваат, туку нешто што мора да го заслужиш, да го создадеш. Тоа не може да се направи пасивно, преку само немо набљудување и ќекање некој друг да преземе нешто. Надежта значи преземање акција, излегување надвор од зоната на комфорот. И ако еден куп средношколци можеа да натераат милиони луше да почнат да ги менуваат своите животи, замислете само што можеме да направиме сите заедно ако навистина се потрудиме“ велиТунберг.

(Inhabitat)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -