Безос во поход кон вселената – планира да испрати 3.200 сателити

- Advertisement -

Како што Илон Маск и SpaceX го рзвиваат вселенскиот интернет Starlink, така и Џеф Безос и Amazon развиваат слична услуга во рамките на својот проект Kuiper. Amazon доцни и досега уште не испратиле ниеден од планираните 3.236 сателити во орбитата, но неделата направија голем чекор кон тоа.

Имено, компанијата во текот на наредните пет години обезбеди дури 83 лансирања на сателити во орбитата со ракети од три компании. Една од тие компании е компанијата на Безос, Blue Origin, додека другите две компании се Arianespace и United Launch Alliance.

- Advertisement -

Пред двете мисии со кои сателитите ќе се испратат во вселената Amazon планира и две тестмисии, кои треба да се случат во втората половина од годинава. Во тие мисии нема да се користат ракетите од тие компании туку ракетата ABL Space Systems, затоа што моментално ниедна од ракетите со кои треба да одлетаат сателитите на Amazon во вселената уште не се довршени.

Колку ваквиот вселенски интернет е корисен видовме во текот на изминатите два месеци со ситуацијата во Украина, каде што Маск испрати терминали за пристап до неговиот Starlink интернет. Но, таквиот сателитски интернет има и многу критичари, првенствено астрономи кои се жалат дека светлината која се рефлектира од сателитите им го уништува погледот на небото ноќе и им го попречува набљудувањето на вселенските тела.

- Advertisement -

(BBC)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -