По долгото чекање на корисниците на социјалната мрежа Твитер, желбата се исполнува – веста дека тимот на Твитер работи на опцијата за преуредување на твитовите е официјално потврдена, пишува Би-би-си.
Имено, откако ќе се постира твит истиот не може да се преуредува и да се поправаат грешки без да се загубат коментарите и лајковите.
Од одборот на Твитер велат дека во текот на наредните месеци ќе започнат со тестирање на оваа опција.
Многумина сметаат дека оваа одлука доаѓа откако Твитер го назначи Илон Маск во својот одбор на директори, а тој пак објави твит со анкета на која корисниците можеа да гласаат за воведувањето на ваквата алатка.
По реакциите, од фирмата соопштија дека на оваа идеја се работи година наназад и истата не произлегла од резултатите на мини-анкетата, која покажа дека 73,6 отсто од корисниците на социјалната мрежа гласале за.
Фото – Pixabay