Google Maps најави нови опции кои ќе ја олеснат навигацијата и патувањето

- Advertisement -

Мапите на Google станаа стандард за навигација и тешко е да се замисли патувањето на некое ново место без дигиталните мапи и упатствата кои го олеснуваат патот и снаоѓањето на патиштата. Оваа компанија постојано ги надградува своите мапи и воведува нови опции, а неделава најавија новитети кои дополнително ќе го подобрат нивното користење и ќе им помогнат на корисниците во планирањето на патувањата.

Сите новитети нема веднаш да бидат достапни на пазарот, но сигурно Google во блиска иднина ќе ги овозможи кај нас. Најбитниот таков новитет е приказот на цените на патарините, па однапред ќе можете да пресметате колку ќе ве чини да поминете по некој автопат. Оваа опција за почеток е најавена за пазарот во САД, Индија, Јапонија и Индонезија, а при пресметувањето на цените ќе се води сметка и за различните методи за плаќање и различните денови од неделата.

- Advertisement -

Ако сметаат дека патарината е премногу скапа, корисниците во мапите на Google можат да ја изберат опцијата планирање на патувањето преку патишта на кои нема патарина. Оваа оцпија ќе пристигне на тие четири пазари во текот на овој месец.

Другиот новитет се однесува на прикажувањето знаци „стоп“и семафори на патиштата. Тие ознаки ќе бидат видливи за корисниците на телефоните на Apple и за Android телефоните, како и за корисниците на Android Autо и CarPlay, а благодарение на нив Google ќе може уште попрецизно да го пресмета траењето на патувањето. Таа опција на мапите можеме да ја очекуваме во текот на наредните месеци.

- Advertisement -

Покрај тоа, Google ќе го подобри и приказот на зградите на мапите за локациите да бидат попрепознатливи, додека во некои градови, кои уште не се познати, на мапите ќе биде поточно означен обликот на патиштата.

Google подготви и новитети за корисниците на Apple Watch, кои во иднина ќе можат да ја активираат навигацијата директно од екранот на часовникот, без да мора прво да ја активираат на телефон. Во план се и подобри виџети за почетниот екран на iPhone, додека во текот на летото можеме да очекуваме и подобра интеграција со Spotlight, Siri и опцијата Shortcuts.

- Advertisement -

(Google)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -