ВИДЕО: Ова е првиот паметен кош за кошарка во светот

- Advertisement -

Во денешниот спорт има изобилство ралична спортска облека, обувки и реквизити кои може да се наречат паметни затоа што содржат разни сензори кои се поврзуваат на паметни телефони и ги анализираат спортистите за да им ги подобруваат перформансите.

Најновиот таков реквизит е паметниот кош на Huupe, кој се продава по цена од 4.000 долари и ќе доаѓа со HD екран зад обрачот и ќе овозможува следење на ударите кон кошот, интерактивни водичи за тренирање и тренинг методи развиени од експертите на НБА, а додека фрлате кон кошот можете да гледате и телевизија.

- Advertisement -

Сензорите се вградени во систем кој вредно го бележи секој пат кога топката ќе помине низ обачот, но и за колку сте промашиле, а виртуелниот тренер на екранот ќе покаже како треба да фрлате од некоја позиција за да бидете попрецизни, како што можете да видите и од видеото.

Ако мислите дека сте претерале со гледање телевизија, што ќе речете ако ви кажеме дека во Huupe се вградени многу сервиси за видео стриминг, што значи дека во текот на тренингот можете да ги гледате своите омилени серии и филмови. Можеби тоа ќе ви помогне да се навикнете на фрлањето кон кошот затоа што ако фрлате со топката кон кошот додека гледате некоја серија на Netflix во иднина ќе можете концентрирано да фрлате кон кошот и кога ќе имате околу вас илјадници гледачи и навивачи.

- Advertisement -

Кошот доаѓа со соодветна апликација која нуди основно следење на фрлањето топка со графика која ги прикажува вашите успеси, промашувањата и процентот на прецизност од различни позиции. Можете да анализирате колку пати не сте погодиле ништо освен мрежата или да мерите брзина на удар, агилност, време на ослободување на топката и вертикалниот скок.

Покрај тоа, можете да се поврзете со вистински, квалификуван тренер кој ќе ве гледа преку веб камера вградена на задната страна на плочата или можете да предизвикате други корисници на Huupе на натпревар.

- Advertisement -

Преднарачка за паметниот кош Huupe може да се направи на овој линк.

(Vidi.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -