Марк Цукерберг сака да прави виртуелна валута наречена „Zuck bucks“

- Advertisement -

Марк Цукерберг сака да ја намали зависноста на неговите платформи од маркетингот со воведување на своја виртуелна валута наречена Zuck bucks. Новата валута ќе го носи името на основачот и извршен директор на Meta.

Новите токени во рамките на апликациите ќе бидат контролирани од компанијата и ќе функционираат слично како валутата Robux во популарната игра Roblox.

- Advertisement -

Новите дигитални токени и валути на Meta ќе се користат за да се диверзифицира изворо на приходи на компанијата и да се освежи корисничката база на платформте, кои постојано имаат нова конкуренција од компании од типот на TikTok.

Некои од идеите кои ги има компанијата вклучуваат и социјални токени или токени за репутација, кои ќе функционираат на база на наградување и монети за креатори, кои се идеални за инфлуенсерите на Instagram.

- Advertisement -

Ова не е прв пат Цукерберг да се обиде да создаде дигитална валута. Пред само две години основачот на Meta најави нова криптовалута на компанијата наречена Diem.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -