Македонија на петто место во светот по раст на бројот на туристи за 2021 година

- Advertisement -

Според најновите статистики на Светската туристичка организација (UNWTO), Македонија за 2021 година забележала раст на меѓународни туристички пристигнувања од 139 %.

Со ова земјава е на петто место во светот како дестинација со најголем раст на странски туристи, меѓу кои и Црна Гора, Кипар, Малдивите и Босна и Херцеговина.

- Advertisement -

Очекувањата и оваа година се оптимистички, целта е 2,5 милиона ноќевања, со зголемен број странски туристи од 20 до 30 %. Заздравувањето на секторот туризам се одвива полека, но сигурно, со фокус и акцент на одржливите форми на туризам.

(Maxfax)

Сподели!
- Advertisement -