Како што човештвото се повеќе се потпира на користење осетлива електронска технологија во вселената, соларните буди може да станат се поголем проблем за функционирање на технологијата. Силната соларна бура создаде силна поларна светлина, односно аурора бореалис, видлива дури на небото над Велика Британија, тврдат експертите.
Тој феномен може да биде видлив под ведро небо во Северна Англија и воСеверна Ирска во вечерните часови од неделата до денес. Северната светлина настанува со пореметување на зејината магнетосфера поради протокот на честички од Сонцето, а обично се концентрирани околу земјините полови.
Соларната бура произлегува од исфрлање на коронална маса, односно масивно исфрлање на плазма од Сончевата корона, односно неговиот најоддалечен слој. Потенцијалните ефекти на соларната бура се флуктуација на електричната мрежа и неправилности во ориентацијата за вселенските летала во форма на зголемен отпро на летата во ниската орбита на Земјата.
Во САД националната управа за океани и атмосфера издаде предупредување G3 за 10 април, повикувајќи на силна соларна бура која може да влијае на системите за напојување и функциите на вселенските летала, вклучувајќи и проблеми со ориентацијата.
Се очекуваше дека бранот на поларна светлина постепено ќе опаѓа во текот на вчерашниот и денешниот ден, при што помалку ќе биде веројатно дека ќе има видлива аурора. Сончевата активност ги надминува вредностите кои ги предвидуваат од NOAA и другите метеоролошки агенции и всушност, мерките за соларната активност веќе се поголеми од очекувањата од крајот на 2020 година досега.
(Daily Mail)
(фото: Flickr)