ЗЕЛС апелира да се платат данокот на имот и фирмарините за 2022 година

- Advertisement -

ЗЕЛС ги информира граѓаните дека во општините во тек е постапката за доставување на решенијата за данок на имот и решенијата за комунална такса фирмарина за 2022 година.

Во втората половина на месец април, дел од општините ќе спроведуваат и решенијата за забрана на средства во банка блокади за неплатени решенија за 2019 година, односно за оние даночни обврзници кои три години не ги платиле своите обврски при што сите даночни обврзници кои должат по овој основ можат најдоцна до 15 април да го подмират својот долг по основ на решенија за данок на имот и по основ на решенија за комунална такса фирмарина без дополнителни трошоци.

- Advertisement -

Ги повикуваме сите физички лица и правни лица кои го немаат пријавено својот имот на подрачјето на општините или промените на имот, да го сторат истото во најкраток можен рок, за да ги избегнат глобите за непријавување на имотот кои согласно измените на Законот за даноци на имот од јули 2021 година, се движат од 300 до 10.000 евра за правни лица, од 50 до 500 евра за одговорните лица во правните лица, додека за физички лица глобата за непријавување, односно неподнесување на даночна пријава е во висина до 250 евра, при што за истото следи соодветна прекршочна постапка.

Во рамките на законските надлежности на локалната самоуправа, општините вршат надзор и контроли врз сите физички и правни лица, со цел законски, правилно и навремено утврдување на данокот на имот со цел овозможување праведно и правично оданочување.

Сподели!
- Advertisement -