Здружението за социјални иновации „АРНО“, испраќа последен апел до сите заинтересирани граѓани со претприемнички мајндсет, оние кои размислуваат локално и „зелено” и имаат сериозна намера да отворат свој зелен бизнис, да аплицираат на натпреварот „Зелени идеи 2022”, најдоцна до 26 април. Пријавите за натпреварот и сите информации поврзани со натпреварот, се достапни на веб-страницата: https://zeleniidei.mk/.
„Од 2015-та година, АРНО го организира овој натпревар во нашата држава, преку кој ја поддржува зелената транзиција и придонесува кон имплементацијата на Европскиот зелен договор и глобалните цели на одржлив развој на Обединетите нации во нашата држава. Преку поттикнување и овозможување развој на зелените мали бизниси, придонесуваме кон општествено-економскиот развој на нашата земја и поддржуваме креирање на нови работни, места.“ -изјави Ирина Јаневска, Претседателка на АРНО.
Оваа година, за тројцата национални победници, АРНО ќе додели 3 преносни компјутери и поддршка од своите партнери: МКА2000, Македонија 2025 и Стопанската комора на Северо-западна Македонија. Тројцата победници ќе имаат можност да се натпреваруваат во две категории на регионален натпревар и да освојат 5.000 или 10.000 американски долари, во зависност од категоријата во која се натпреваруваат.
За оние кои не успеаја да учествуваат на претходните три работилници кои се наменети да им помогнат на потенцијалните апликанти во развојот на нивните апликации, имаат можност да се пријават на четвртата, последна работилница, која ќе се одржи на 13 април, со пополнување на пријавата на овој линк.
Повеќе информации во врска со натпреварот, можат да се добијат на 077 855 832 или на e-mail arno.mkd@gmail.com.