Батериите можат да ја трансформираат борбата со климатските промени

- Advertisement -

Батериите можат да ја трансформираат борбата со климатските промени така што ќе ги заменат моторите со внатрешно согорување на автомобилите со батерии и ќе ни овозможат складирање на целата обновлива енергија која ни е потребна.
На тој начин ќе можеме да престанеме да ги користиме фосилните горива како извор на енергија. Понатаму, индустријата за производство на батерии може да отвори до 10 милиони работни места на глобално ниво, да додаде 150 милијарди долари приходи до 2030 година и да им овозможи на 600 милиони луѓе во светот по прв пат да добијат електрична енергија.
Доколку се направат дополнителни технолошки унапредувања во производството, употребата и реупотребата на батериите, до 2030 година употребата на батериите ќе овозможи намалување на емисијата на СО2 од транспортните средства за 30% и ќе се достигнат целите од Парискиот климатски договор.
Тие сектори моментално се одговорни за 40% од глобалната емисија на стаклнички гасови. Сепак, за да се постигне сето тоа ќе биде потребно вклучување на владите, бизнисите и невладините организации и секако, финансии. За да се постигне раст на пазарот на батерии за 19 пати до 2030 година ќе бидат потребни 550 милијарди долари во наредните 10 години. Исто така, драстично ќе треба да се интензивира рударењето.
Од друга страна, ако при производството на батерии се користат обновливи извори, емисијата на јаглерод диоксид од таа индустрија ќе се намали за половина до 2030 година.

Batteries could transform the fight against climate change

An environmentally sustainable chain.📕 Read more: https://wef.ch/2NrdzcP #sdi19

Posted by World Economic Forum on Четврток, 19 септември 2019

Сподели!
- Advertisement -