Загрозени се производителите на кафе, авокадо и индиски ореви

- Advertisement -

Како резултат на глобалнот затоплување се менуваат климатските услови во области во кои традиционално се одгледуваат кафе, авокади и индиски ореви што може да доведе до пореметување во нивното производство.

Новото истражување објавено во научното списание PLOS One проучува како климатските промени ќе влијаат на производството на овие култури и дава сценарио за следните 30 години. Истражувањето спроведено од истражувачи од Универзитетот за применети науки во Цирих покажува дека во многу земји кои моментално се најголеми производители ќе дојде до големи промени. Овие сознанија се од голема важност за развој на мерки за прилагодување кон климатските промени и избор на соодветни сорти за во иднина. За моделирање на идниите излгеди за одгледување на тропски култури истражувачите користеле 14 глобални климатски модели. Резултатите од анализата покажале дека во иднина во регионите кои се традиционални производители на кафе, авокадо и индиски ореви условите за нивно одгледување ќе се влошуваат, а некои други региони ќе станат поповолни. На пример, Бразил во следните 30 години ќе изгуби огромен дел од подрачјата на кои е можно да се офгледува кафе. Овој модел предвидува дека Бразил, наголемиот светски производител на кафе со 2050 ќе ги изгуби условите за одгледување на „арабика“ на 80% од површината, при сценарио на умерено загревање. Освен Бразил, и во Индонезија, Виетнам и Колумбија ќе се намалат површините погодни за одгледување на кафе.

- Advertisement -

Од друга страна, и на северната и на јужната страна од сегашната територија за одгледување на „арабика“ ќе се прошират областите поволни за нејзино одгледување поради тоа што минималните ладни температури се зголемуваат поради глобалното затоплување. Проценките се дека до 2050 година вкупната површина погодна за одгледување на кафе ќе се намали за 50%.

Од сите три култури, најпогодено од глобалното затоплување ќе биде кафето додека за авокадото и индискиот орев резултатите се посложени. Истражувањето предупредува на големо намалување на површините за одгледување на авокадо во Мексико, Перу и Индонезија. За разлика од кафето, кај овие две култури поповолни се предвидувањата за нови области на кои би можеле тие да се одгледуваат. Секако, негативните ефекти по економиите на најголемите земји производители ќе бидат големи.

- Advertisement -

Во 2019 година се произведени околу седум милиони тони авокадо, четири милиони тони индиски ореви и десет милиони тони кафе. Вкупната бруто вредност на сите три производи на светкот пазар изнесувала над 30 милијарди долари. Истражувањето покажа дека прилагодивањето кон климатските промени ќе биде неопходно во повеќето големи производни региони за трите култури. Mерките за адаптација нудат различни решенија за проблемот.Многу тропски држави би можеле да ја зачуваат својата доминација на пазарот на тропски култури, доколку производството навреме го прилагодат на климатските промени.

(N1)

- Advertisement -

Фото – Pixabay

Сподели!
- Advertisement -