Во Струга се одржа работна средба, презентација на досегашните активности и на одередбите од Правилнкиот за субвенции, на кој присувствуваше директорот на АППТ д-р Љупчо Јаневски, тимот на АППТ Струга и претставници од туристичкиот сектор – туристички агенции.
Пред присутните се обрати директорот Јаневски, кој информираше дека новиот извештај од Светската тристичка организација (UNWTO) според кој Република Македонија се наоѓа на 5-то место во светот согласно процентуалното зголемување на бројот на странски туристи, доаѓа како резултат на заедничките активности со туристичкиот сектор во изминатиов период.
– Тоа е потврда дека македонскиот туризам постепено заздравува и дека оваа година се очекуваат над 2,5 милиони ноќевања со зголемен број на странски туристи, истакна Јаневски, кој најави и нови авионски линии од повеќе странски дестинации, како и низа промотивни активности, обуки и семинари, со кои ќе бидеме во чекор со светските туристички текови, се’ со цел зголемување на бројот на странските туристи, а со тоа и зголемен девизен прилив по основ на туризам.
Валентина Переска, како претставник на АППТ Струга, пред присутните ги презентраше досегашните активности, одредбите од Правилникот за субвенционирање на странски организиран туристички промет, како и утврдените недостатоци во процесот на аплицирање за субвенции.
Фото – Pxhere