Google претстави апликација со која лесно се префрлаат податоци од iPhone на Аndroid

- Advertisement -

Кога купувате телефон ако користите уреди со ист оперативен систем нема проблем да ги префрлите податоците од еден на друг уред, но ако сакате да префрлате од една на друга платформа е малку потешко.

Apple претходно претстави апликација која овозможува прфрлање на содржини од Android на iPhone, а сега слична апликација се појави на продавницата на Apple и овозможува едниставен пренос на податоци од iPhone на Android.

- Advertisement -

до апликацијата не мое да се дојде со пребарување на продавницата, туку со директен линк, но можеме да очекуваме дека наскоро ќе биде достапна за оребарување на продавницата за апликации на Apple кога Google целосно ќе ја подготви апликацијата.

Со таа апликација корисниците ќе можат да префрлаат фотографии, видеа, контакти, календарски записи и други содржини од iPhone на Android, а за да почне префрлањето треба да се скенира код кој ќе се појави на телефонот со Android. Потоа треба да се поврзат телефоните и да се префрлаат содржините, но на страницата 9to5Google велат дека тој процес на моменталната верзија на апликацијата не е довршен и можеме да очекуваме проблемот да биде решен додека официјално не биде пуптена во употреба апликацијата.

- Advertisement -

Не е познато кога Google официјално ќе ја претстави апликацијата, но изгледа дека ќе биде многу наскоро.

(9to5Google)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -