НЛБ Банка засади 3.700 садници во малешевскиот регион, погоден во големите шумски пожари минатата година

- Advertisement -

Под мотото „Пошумуваме заедно“, НЛБ Банка реализираше голема волонтерска акција за пошумување на малешевскиот регион, кој беше еден од најпогодените во големите шумски пожари минатото лето. Акцијата беше спроведена во соработка со ЈП „Национални шуми“ (Малешевија) и Општина Берово кои активно се вклучија во организацијата и засадувањето на 3.700-те садници црн бор и јасен, карактеристични за ова поднебје.

„НЛБ Банка како општествено одговорна Банка не остана рамнодушна на минатогодишните шумски пожари во овој регион. Нашата реакција уште веднаш беше видлива на терен, преку донација во опрема за територијалната противпожарна единица во Берово, која во тој момент беше најнеопходна за справување со пожарите. Сакајќи да се надоврземе на оваа помош, стапивме во комуникација со Општина Берово и ЈУ „Национални шуми“ со цел да се запознаеме со штетите на терен. Веруваме дека со донација на овие 3.700 нови садници и волонтерската акција за нивно засадување, даваме значаен придонес во обновувањето на шумскиот фонд и зазеленување на овој живописен предел од нашата земја. Со оваa акција покажавме дека грижата за животната средина е еден од највисоките приоритети на Банката. Истовремено, со голем ентузијазам таа беше прифатена и од нашите вработени, кои поминаа еден прекрасен сончев ден во дружење со луѓето од беровскиот крај и притоа дадоа личен придонес за враќањето на зеленилотo и сјајот на Малешевијата, како непроценливо природно богатство на нашата земја“, изјавија од Банката.

- Advertisement -

Како потсетување оваа волонтерска акција беше дел од кампaњата на НЛБ Банка за добивање согласност од страна на клиентите за користење на лични податоци за директен маркетинг. За таа цел, за секоја дигитално дадена изјава преку онлајн формата на веб-страницата на Бaнката www.nlb.mk, вo текот на изминатите неколку месеци, Банката обезбеди по една садница за обнова на шумскиот фонд во малешевскиот регион кој летово беше зафатен со големите шумски пожари.

Сподели!
- Advertisement -