ВИДЕО: Индиска компанија го претвора отпадот од храна во дехидрирани производи

- Advertisement -

Секоја година светот фрла дури 30% од храната што ја произвел. Таа ситуација може сериозно да се влоши како последица на пандемијата од корона вирусот, која ги поремети синџирите на снабдување.

Но, една компанија од Индија се справува со новонастанатата ситуација на навистина иновативен начин. Со помош на соларната енергија компанијата ха дехидрира храната за да не се расипува подолго време и ги претвора овошјето, зеленчукот и житарките во грицки и состојки за готвење.

- Advertisement -

На овој начин се продолжува траењето на храната за најмалку една година, а се зачувуваат дури 85% од хранливите состојки. Компанијата S4S Technology прави три позитивни работи истовремено – спречува создавање на отпад од храна, ја користи сончевата енергија за целиот процес, односно процесот е еколошки и трето, им обезбедува на локалните жени од руралните средини да се чувствуваат вредно и да имаат постојан приход.

Голем дел од храната што се фрла во светот или има краток рок на траење или се фрла затоа што не изгледа совршено. Фармерите во Индија вообичаено навечер продаваат храна по многу намалени цени, пред да се расипе и да не вреди ништо.

- Advertisement -

S4S Technology прави посебни соларни сушари, кои се преносни, евтини за изнајмување и лесно може да се постават на која било фарма. Компанијата вработува само жени кои ја процесираат храната.

Ѕ4Ѕ потоа ја собира исушената храна и ја пласира на пазар. Парите потоа директно им ги даваат на жените и им помагаат да станат порамниправни челнови на семејството и сами да заработуваат за сопствените фамилии.

- Advertisement -

Бидејќи една третина од произведената храна во светот завршува на депонија, ако таа храна беше држава, ќе беше третиот најголем емитувач на стакленички гасови.

Ѕ4Ѕ моментално соработува со 2.700 фармери и 450 земјоделци-претприемачи

(World Economic Forum)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -