ВИДЕО: Кувајт рециклира една од најголемите депонии за гуми во светот

- Advertisement -

Кувајт рециклира една од најголемите депонии за автомобилски гуми во светот. На депонијата се наоѓаат околу 42 милиони гуми, кои постојано се палат и црн чад ги задушува жителите на околните населени места.

Владата на Кувајт сега ги премести гумите во близина на ал-Салми, каде што во фабрика почна рециклирањето. Вработените во фабриката ги сортираат и ги мелат гумите на ситни делови. Потоа тие ситни парчиња се компресираат и се произведуваат гумени плочки за под, кои може да се продаваат.

- Advertisement -

Фабриката почна со работа во јануари 2021 година и може да рециклира по 3 милиони гуми годишно.

Друга компанија, пак, планира да отвори фабрика за пиролиза на гумите исто во ал-Салми. Со тој процес гумите се претвораат во нафта, која може да се користи во фабриките за цемент.

- Advertisement -

На глобално ниво старите автомобилски гуми се голем проблем и многу придонесуваат за загадувањето на животната средина. Особено ако се има предвид дека светот годишно фрла по 1,5 милијарди стари гуми, кои тешко се рециклираат поради тоа што се доста големи, поради хемикалиите кои ги испуштаат при рециклирањето и поради тоа што се направени од доста сложени помешани материјали.

Но, кога ќе се најдат на депонија претставуваат голема опасност за појава на пожари. На пример, еден таков пожар што изби на депонија за гуми во Велс во 1989 година се уште не беше целосно згаснат ни 15 години подоцна.

- Advertisement -

Денес старите гуми се мелат и се додаваат во асфалтот, поради што и патиштата не се толку лизгави и се потрајни. Исто така, може од нив да се прават гумени подлоги за железнички вагони и трамваи.

(World Economic Forum)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -