Колку и што извезуваат Русија и Украина во светот?

- Advertisement -

Како резултат на инвазијата на Русија врз својот сосед земјите со пониски примања ќе забележат несигурност на храната и се поголем глад. Земјите кои имаат посилни трговски врски со Русија и Украина исто така се соочуваат со потенцијален економски импакт.

Војната во Украина ќе им го отежни закрежнувањето од економската криза предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 на земјите со ниски и сренди примања, предупреудва Светска банка. Конфликтот има огромни последици за луѓето во Украина, како и на економијата на земјата, но има и значителни последици врз милиони луѓе ширум светот.

- Advertisement -

Економиите кои имаат силни трговски, финансиски и миграциски врски со Русија и Украина ќе забележат моментални штетни последици, велат од Светска банка. Земјите кои наголемо зависат од Русија и Украина за снабдување со храна исто така ќе почувствуваат голем импакт. Тука спаѓаат доста економии од Европа, Средниот Исток, Африка и од Централна Азија, кои снабдуваат 75% од својата пченица од Русија и од Украина, покажуваат податоците на Светска банка.

Најголемиот ризик е можно пореметување на производството и транспортот на житарки од Русија и Украина. Освен се повисоките цени, тоа може да предизвика и несигурност на храната и се поголем глад.

- Advertisement -

Од табелата на Светска банка може да се види што и колку извезуваат Русија и Украина. На пример, може да се види уделот на Украина во извозот на храна, масла, пченка и пченица. Уделот на пазарот, на пример, за масло од семиња е над 40% од вкупниот извоз во светот. Тоа значи дека Украина е најголемиот ивозник на сончогледово масло во светот. Меѓу најголемите пазари за сончогледово масло се Индија, Кина, Турција и Холандија, покажуваат податоците на Опсерваторијата за економска комплексност.

Над 13% од глобалниот извоз на пченка и над 5% од извозот на пченица исто така доаѓа од Украина. Русија, пак, учестува со 18% во глобалниот извооз на пченица и њо 14% во извозот на ѓубриво. Исто така, земјата е огромна сила на пазарот за енергенси и метали, велат од Светска банка. На пример, земјата контролира 1/4 од извозот на природен гас во светот, 18% од извозот на јаглен, 14% од извозот на платина и 11% од извозот на сурова нафта.

- Advertisement -

Според проценките на Светска банка, цените на нафтата се повеќе од дуплирани во изминатите шест месеци и ако продолжи нагорниот тренд, ќе се намали економскиот раст за 20%-50% во Јужна Африка, Турција, Кина и во Индонезија.

Има три главни начини за справување со кризата за храна, велат истражувачите од Интернационалниот истражувачки институт за политики за храната. Меѓу нив се зголемување на извозот од другите големи производители на житарки, на пример, со продавање на нивните залихи.Другиот начин е зголемување на снабдувањето со нафта од другите големи производители на нафта за да се намали цената на горивата, ѓубривата и транспортот. Во меѓувреме, владите мора да ги заштитат луѓето со давање храна и финансиска помош.

(World Economic Forum)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -