Интервју со Татјана Илијевска и Кристијан Давидовски од Центарот за биоинформатика
Новинар – Верица Јорданова
Завршува еден стресен и историски тежок период за човештвото. Kaко тоа се одрази и одразува на психо-физичката состојба на луѓето?
Последиците од силната Covid пандемија, како и присилната промена на начинот на живот допринесоа да денес се соочуваме со нов вид на здравствени, емоционални и ментални проблеми.Чувството на загриженост и немир е во одредена мера нормално во секојдневното живеење. Секој понекогаш се чувствува анксиозно. Блага анксиозност може да биде и корисна во смисла на зголемување на фокусираноста, насочување на вниманието, енергијата и мотивацијата за остварување на некоја цел. Но, доколку анксиозноста е многу голема, таа предизвикува чувство на беспомошност, конфузија, претерана загриженост која е несразмерно висока во однос на сериозноста на ситуацијата од која таа е предизвикана. Преплавувачка анксиозност во секојдневното живеење е индикатор за нарушување на менталната состојба кај личноста.
Во една таква состојба што се случува во човечкото тело? Кои се последиците?
При доживување на стрес во нашето тело се ослободуваат големи количини на кортизол, адреналин, паратхормон. Сите тие делуваат имуно супресивно, го исклучуваат до таа мера имунолошкиот систем како на пример кај пациенти кои ги подготвуваат за трасплатација на органи, кога користат како терапија имуносуперсиви. Сега замислете колку пати во животот сме се соочиле со стрес и колку пати тоа го “исклучува” нашиот имун систем.
Како последица на зачестениот стрес доаѓа до се поголеми здравствени проблеми. На мерењето кое се спроведува во нашата ординација ги гледаме токму овие функции, сите стрес хормони, состојбата на нервниот систем и како функционира имуниот систем.
Во делот со анксиозност ќе ја споменеме и депресијата за која се почесто се зборува
Депресијата е збор од кој многумина се плашат и не посакуваат да го слушнат, ниту да го изговорат, а доколку се соочуваат со истата, не сакаат да си помогнат, и токму овде настанува проблемот. Депресијата може да се појави дури и без чувство на тага, болка, безволност. Во таква ситуација станува збор за маскирана депресија и тогаш кога некој се чувствува уморен, исцрпен или верува дека има болно срце или друг здравствен проблем и почнуваат со низа испитувања и прегледи за кој постојано добиваат нормални резултати, а тие се чувствуваат болно.
Најчесто ги чувствуваат старите болки, имаат сосема други чувства и идеи, можат да бидат хипохондрични и да си ги препишат симптомите од разни болести и состојби, притоа воопшто не гледајќи дека станува збор за душевна болест, што исто е едно мерило за тежината на депресивната слика.
Исто така, пациентот чувствува дека не може да сака, ама тоа за него не е болест. Тој во себе не чувствува иднина, а кога чувствува страв и немир, тој не е како вообичаено насочен кон иднината, туку е во сегашноста и се крие во неговото тело и душа, а стравот од смрт за него не е страв, понекогаш, неретко ја посакува, како начин на ослободување од одвратната сегашност. Стравот единствено опстојува од мислата.
За пациенти во ваква состојба неопходна е регенерација на нервниот систем, враќање на нормален начин на реагирање на стресот, регулирање на стрес хормоните, нормално создавање на серотонин, нормализирање на сонот, враќање на желбата за социјализација, ентузијазам, фокус, меморија.
Како се поставува дијагнозата и начин на лекување?
Правилниот третман бара правилна дијагноза.Во нашиот Центар за да поставиме дијагноза доволно е да се направи само еден преглед (скен) кој нема зрачење, не е фобичен и не е потребна претходна подготовка за прегледот. По завршување на прегледот ја имаме на увид целосната функција на сите органи, по што се поставува најсовремена терапија која ја нуди нашиот Центар за комплетно излекување на алергиите. Терапијата е безбедна , нема несакани ефекти, а резултатите се видливи за краток временски период.
Како изгледа прегледот во Центарот за биоинформатика?
Комплет преглед и дијагностика во нашиот центар трае приближно еден час. На преглед можат да се јават пациенти од најмала возраст (неколку месеци) и до неодредена старосна граница. Самиот скрининг односно прегледот е неинвазивен, безбеден и безболен, нема рестрикции во исхраната и употреба на медикаменти, прегледот не се врши во тесен и затворен простор, пациентите доаѓаат во центарот во било кое време од денот по однапред закажан термин. После приемот од нашиот персонал, пациентот се упатува во ординацијата, му се поставуваат пасивни електроди на одредени делови од телото, во случајот на рацете, нозете и челото. Скринингот трае десетина минути и потоа добиваме целосна функционалната состојба на организмот. По завршување на скринингот се прави анализа на сликата и интерпретација на добиените резултати од страна на нашите специјалисти. Потоа на пациентот му се предлага одредена пресонализирана терапија за подобрување на здравствената состојба која е дијагностицирана во текот на прегледот.
Што се подразбира под терминот Биоинформатичка терапија?
Не секогаш лековите и хроничните терапии кои ги примаме помагаат во целосното излекување на болестите и состојбите. После одреден период, тегобите повторно ни се враќаат и имаме рецидив на состојбата или стануваме резистентни на одредениот лек.
Во Центарот за Биоинформатика кој е лиценциран од Министерството за здравство и работи успешно повеќе од 5 години, се употребуваат најсовремени третмани со Биоинформатичка терапија и методи за дијагностика и увид во функционалната состојба на органиозмот.
Биоинформатичката терапија не се базира на хемиска супстанца како главен фактор за лекување, туку се заснова на Информациски комплекс (софтверски клеточен комплекс на информации и фрекфенции запишан на одреден специфичен хемиски носач, во случајот звук, светлина, метал или природно растително масло). Сите овие набројани хемиски елементи се користат за пренесување на информации и фрекфенции односно се еден вид на трансмитери на одреден клеточен софтверски јазик и фрекфенција која пак е единствен фактор на лекување. (Во случајот, хемиската супстанца служи само како медијатор, односно носач на информација од “компјутер” до биолошки компјутер (човек)).
Патологии кои успешно досега се третираат во нашиот центар се: алергиски заболувања, астма, ХОБ, канцерогени состојби, гастроинтестинални заболувања-гастрит, колити, проблеми со скелетокоскен систем-гонатроза, дископатија, ишијалгија, периартрит, карпал тунел, неврошки пореметувања и состојби-депресија, анксиозност, панични напади, спектар аутизам, нервоза, несоница, паркинсонова болест, воспаление на средно уво, вртоглавици, нарушување на функција на очи-макуларна дегенерација, спортски повреди, регенерација на генитални органи, висок крвен притисок, регенерација на кожа на лице и тело, проблеми со циркулацијаендокрини, автоимуни заболувања и многу други заболувања и состојби.
Во моментов започнува и сезоната на алергии, така што за оние кои се алергични од сезонските алергии, започнува проблематичен период. Што треба да знаеме за алергиите?
Алергијата е прекумерна реакција на имунолошкиот систем на надворешни супстанци и обично е безопасна за организмот. Кога некое лице е алергично на некоја супстанца, имунолошкиот систем погрешно препознава дека претставува опасност за организмот и го напаѓа. Надворешните супстанци кои можат да предизвикаат алергиски одговор, се нарекуваат алергени. Како алергени можат да дејствуваат некои видови на храна, лекови, домашна прашина, полен итн. Најчесто погодени органи од алергии се очите, носот, грлото, белите дробови, кожата и дигестивниот систем.
Некои алергии се сезонски (пролет, лето, рана есен) кога концентрацијата на определен полен во воздухот е највисока. Други ги имаме преку целата година, како што се алергии на домашнаа прашина и животни. Алергиите на храна и лекови се манифестираат секој пат кога некое лице ќе земе соодветни супстанци. Врз основа на алергените, можеме да ги разликуваме следниве видови на предизвикувачки агенси:Полен,хемикалии, лекови ,убоди од инсекти и други.
Кои се симптомите? Како се поставува дијагнозата и начин на лекување?
Симптомите на алергиски реакции може да се движат од благи и мали, до крајно загрижувачки. Во некои случаи, алергиите можат да предизвикаат животнозагрозувачка состојба позната како анафилактичен шок (оток во грлото и недостаток на воздух, низок крвен притисок, чешање, осип и оток, гадење со повраќање).
Правилниот третман бара правилна дијагноза.Во нашиот Центар за да поставиме дијагноза доволно е да се направи само еден преглед (скен) кој нема зрачење, не е фобичен, немора претходна подготовка за прегледот.
По завршување на прегледот ја имаме на увид целосната функција на сите органи, потоа се поставува најсовремена терапија која ја нуди нашиот Центар за комплетно излекување на алергиите.Терапијата е безбедна , нема несакани ефекти, а резултатите се видливи за краток временски период.