Јапонски истражувачи создадоа електрични стапчиња за јадење

- Advertisement -

Јапонски истражувачи создадоа компјутеризирани стапчиња за јадење кои ја регулираат солта во храната и може да им помогнат на луѓето со здравствени проблеми кои треба да го намалат внесот на натриум во организмот.

Стапчињата ги развиле професорот Хомеи Мијашита од јапонскиот Универзитет Меиџи и производителот на пијалаци Kirin Holdings Co.. Тие влијаат на подоборување на вкусот на храната така што користат електростимулација и мини-компјутер кој се носи околу зглобот на раката како еден вид на белегзија.

- Advertisement -

Уредот користи слаба електрична струја за од храната да ги пренесе натриумовите јони преку стапчињата за јадење до устата, каде што се создава чувството на соленост.

Како резултат на тој процес солениот вкус се засилува за еден и пол пат, вели Мијашита. Тој и членовите на неговата лабораторија истражувале различни начини на кои технологијата може да ги стимулира човечките сетила.

- Advertisement -

Стапчињата за јадење кои го подобруваат вкусот на храната имаат посебно значење за жителите на Јапонија, каде што традиционалната исхрана фаворизира посолени вкусови. Просечниот возрасен Јапонец дневно консумира околу 10 грама сол, а тоа е дупло повеќе отколку што препорачува Светската здравствена организација.

Прекумерниот внес на натриум во организмот се поврзува со висок крвен притисок, мозочни удари и други заболувања.

- Advertisement -

Мијашита и Kirin го усовршуваат својот прототип на стапчињата и се надеваат дека ќе успеат да ги комерцијализираат веќе наредната година.

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -