ВИДЕО: Турција го пушти во употреба најдолгиот висечки мост во светот

- Advertisement -


Конечно заврши изградбата на мостот 1915 Чанакккале во Турција и со својата должина од 2,023 метри тој официјално стана најдолгиот висечки мост во светот.

Мостот се протега над протокот Дарданели и е навистина масивна структура креирана од консултантската групација COWI и изведувачот DLSY со цел да ги поврзува европскиот и азискиот брег на Турција.

- Advertisement -

Висечкиот мост во своето име го содржи и битниот датум на отоманската победа над Британците и Французите во текот на Првата светска војна. Турскиот мост му го презеде првото место на јапонскиот мост Акаши Каикио, кој е долг 1.992 метри.

Црвените кули кои се наоѓаат на средината на мостот 1915 Чанаккале исто така се највисоки такви кули во светот. Мостот се наоѓа јужно од Мраморното Море и се очекува да го користат до 45.000 возила дневно по сите шест ленти, како и да придонесе за поголема туристичка и комерцијална активност во регионот.

- Advertisement -

Според компанијата-изведувач COWI, позицијата на мостот им создала многу предизвици во поглед на силните ветришта на таа висина и големата сеизмичка активност. Аеродинамичната стабилност ја постигнале делумно преку дупли носачи. Освен тоа, поставен е на соодветна висина за под него да можат да поминуваат високи бродови со контејнери и бродови крстосувачи.

(Dezeen)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -