Нови цени на нафтените деривати

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 % во однос на одлуката од 18.04.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  и на Мазутот М-1 НС  не се менуваат.

- Advertisement -

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит и  ќе изнесува 82,50 ден/лит.

Од 21.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин                   ЕУРОСУПЕР БС – 95                            81,50             (денари/литар)

Моторен бензин                  ЕУРОСУПЕР БС – 98                           83,50            (денари/литар)

- Advertisement -

Дизел гориво                                    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      82,50             (денари/литар)

Масло за горење                  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                        82,50            (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                                              51,599 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините  за 1,213%, кај дизелот за 3,110%, кај екстра лесното масло за 3,143% и кај мазутот за 1,647%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,207%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели!
- Advertisement -