Лидл заинтересиран да инвестира во Кисела Вода

- Advertisement -

Градоначалникот Ѓорѓиевски денес оствари работна средба со претставниците на „Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија. Заинтересирани за достапни локации каде би можеле да се отворат маркети и регионален дистрибутивен центар, потенцијалните инвеститори, од градоначалникот ги добија побараните информации околу можностите и потенцијалите на општина Кисела Вода.

Тој им се заблагодари за пројавениот интерес и ги запозна со геостратешките погодности, вложувањата во подобрување на патната инфраструктура, но пред сè, со новиот начин на водење на општината, кој овозможува развој на бизнис-климата со посебно стимулирање на инвестициските процеси.

- Advertisement -

Денес имавме прилично конструктивна средба со претставниците на „Лидл” од претставништвата во Бугарија и Македонија, кои пројавија интерес за инвестирање во општина Кисела Вода. Подискутиравме околу достапните локации на кои би можеле да се отворат маркети, но и регонален дистрибутивен центар на германскиот гигант кој е присутен секаде во нашето соседство, освен во Македонија. На овој работен состанок им ги презентиравме погодностите кои општина Кисела Вода ги нуди, како средина која има добра местоположба и развој кој одговара на потребите на оваа компанија. Задоволен сум што потенцијалните инвеститори ја препознале новата енергија со која функционира оваа локална самоуправа и ги согледале актуелните перспективи, инвестициските можности и новите проекти кои ги спроведуваме во различни области со цел унапредување на општината. Конкретно, инвестицијата би вредела неколку милиони евра и би значела вработување на огромен број лица. Вреди да се спомене и фактот дека вработените би имале плати кои се околу или над просечните во Македонија“, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

(Makfax)

- Advertisement -

(фото:Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -