Дигитализација во високото образование – можности и предизвици

- Advertisement -

Дигитализацијата во високото образование – можности и предизвици е темата на денешниот настан на Младинскиот образовен форум, во рамките на кој ќе се презентира документот за јавни политики, како и дигиталната алатка на победничкиот тим на хакатонот што се одржа во рамките на проектот.

Покрај презентацијата на документот и дигиталната алатка, ќе се одржи и панел дискусија на која релевантни претставници на институциите ќе дадат свое видување во однос на алатката, документот и процесот на дигитализација на високото образование.

- Advertisement -

Настанот е во рамки на проектот „Студентска акција за дигитализирани образовни услуги“ и е финансиран од Фондацијата Метаморфозис и Европската Унија.

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -