Одборот за заштита на потрошувачите на Европскиот парламент денес со големо мнозинство го усвои предлог-законот со кој се воведува универзален полнач за сите мали електронски уреди.
Ова се навистина одлични вести за потрошувачите. Сите ние кои имаме фиоки полни со стари полначи, а сепак одвреме-навреме мора да купуваме нови. Повеќе од 9 години Еворпскиот парламент бара воведување на универзален полнач и како што велат некои европратеници, ако овој закон беше усвоен во 2013 година, кога прв пат беше предложен, не би биле фрлени 130.000 тони стари полначи.
Предлогот на Парламентот го прошири списокот со електронски уреди за кои ќе се користи еден ист полнач со USB-C и покрај мобилните телефони, таблетите, камерите, звучниците, играчките конзоли, сега ги опфаќа и е-читачите, слушалките, тастатурите, глувците, екраните, печатачите, уредите за навигација, дигиталните радиоуреди, електронските играчки, паметните часовници, уредите за лична нега и сл.
Многу е битно што со овој закон ќе се намали цената на мобилните телефони зашто ќе се продаваат без полначи за во просек 26 евра. Проценката е дека со овој предлог граѓаните на ЕУ годишно ќе заштедат 250 милиони евра.
(Zimo)
(фото: Pxhere)