Маск подготви 46,5 милијарди долари за купување на Twitter

- Advertisement -

Извршниот директор и основач на американскиот производител на електрични автомобили Tesla, Илон Маск, подготви 46,5 милијарди длари за купување на Twitter, според податоците на американскиот регулатор за финансиски пазари SEC.

Износот вклучува 25 милијарди долари заедми и над 21 милијарди долари од други извори, со кои Маск планира да купи акции од сите акционери во Twitter. Шефот на Teslа минатата недела на акционерите во Twitter им понуди 54,20 доларберзата на 1 април. Тоа значи дека за популарната социјална мрежа понудил 43 милијарди долари.

- Advertisement -

Тој неодамна откри дека веќе купил околу 9% од акциите, со што стана најголем индивидуален акционер во компанијата. Тој заговара слобода на говорот и во последно време често го критикува Twitter и нивната политика на отстранување на содржините кои се означени како дезинформации.

Откако и сам инвестирав во компанијата сфатив дека компанијата во обликот што го има денес нема да напредува, ниту да му служи на тој социјален императив. Twitter мора да се трансформира како приватна компанија“, напиша Маск минатата недела во писмо до претседателот на Twitter, Брет Тејлор.

- Advertisement -

Управата на Twitter ги разгледа на тактиките за одбрана од понудата на Маск, која во финансискиот свет ја нарекуваат „отровна пилула“, а вклучува понуда за акции од други акционери по пониска цена кога некој удел од акционерите надмине 15%, со што се намалува вредноста на останатите акции.

Сепак, сигнализираа дека може и да ја разгледаат понудата на Маск ако цената биде примерна.

- Advertisement -

(Zimo)

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -