Во ресторанот Bots&Pots во центарот на Загреб од неодамна готват неколку “готвачи“ кои секoј пат ќе направат совршено јадење. Нивната тајна е во тоа што се роботи! Оваа иновација е плод на идеја и труд на неколку ентузијасто од Сплит која ја развиваа во изминатите седум години. Роботите-готвачи се целосно хрватска иновација (и хардвер и софтвер) и без проблем можат да зготват низа јадења. Црно рижото, њоки, тестенини, гулаш… се само дел од менито.
Главен за рецептите е младиот шеф Ведран Варводиќ кој имал предизвик да ги прилагоди рецептите за роботите. Инаку, роботите-готвачи се тивки и ефикасни во работата. Роботите можат сами да ја приготват храната, но за изборот и подготовката на намирници е потребен човек. Косопственикот на ресторанот Хрвоје Бујас вели дека имаат амбиоциозни цели Bots&Pots рестораните да ги претворат во франшиза и да ги нудат надвор од Хрватска. “До крајот на годината треба да ги усовршиме роботите и потоа веруваме дека ќе се отворат стотици ширум светот. Тоа ќе биде хрватска верзија на Тесла во угостителството“, вели Бујас.
“Угостителството само по себе е комплициран бизнис, а потоа имате дигитализирано угостителство со роботизирана подготовка на вкусна храна. Ова е приказна за роботи, ова е приказна за дигитализација и на крај ова е приказна за вкусна храна затоа што без неа целата приказна ќе пропадне“, вели тој.
Софтверот за роботите е локален, а роботите се составуваат во Сплит од делови кои се увозни. Технологијата за подготовка на храната е патентирана и гарантира дека одредена храна секогаш ќе биде подготвена на ист начин и ќе има ист вкус.
Ко-сопствениците Џулијано Нола, Дражен Дрнас и Хрвоје Бујас имаат големи планови, од кои еден е роботските кувари да добијат и домашна везија и секој од нас да може да си ги има дома. Со помош на апликација би можело да се активира готвење на далечина и јадењето да биде готово кога ќе се вратиме дома.
(Zimo)
Фото – ФБ страница на Bots&Pots