Саудиска Арабија стартува масoвна иницијатива за претворање на еден архипелаг од острови во лускузен мега ресорт. Проектот го носи името Red Sea Project и се смета за најамбициозниот проект за развој на луксузен туризам. Моментално се работи на проектот на саудискиот брег од Црвеното Море и земјата верува дека ќе биде вистински бум за економијата.
Во проектот е вклучен архипелаг од над 90 острови, километри долги делови од пустината и прекрасни планински пејзажи. Архитекти и инженери од цел свет се ангажирани на проектот во изградбата на цели градови, вили, хотели и нов аеродром.
Вкупно проектот се очекува да создаде 70.000 нови работни места и да генерира 5,3 милијарди долари во националната економија. Сепак, бидејќи се гради на земја која е еколошки нежна и е дом на многу загрозени животински видови, како и на еден од најголемите корални гребени во светот, мора да бидат многу внимателни.
Од видеото во прилог можете да дознаете повеќе за овој проект.
(Interesting Engineering)
(фото: YouTube)