Првите автономни автобуси во Велика Британија ќе почнат со тест-возење неделава по шкотските патишта. Тоа се случува во рамките на проектот CAVForth.
Тестирањето го прави компанијата Stagecoach во соработка со компаниите Fusion Processing, Alexander Dennis и Transport Scotland, a CAVForth проектот го поддржува и британската влада, односно нејзиниот Центар за конектирани и автономни возила CCAV.
Во текот на тестирањето пет автономни автобуси со ниво на автономија 4 ќе сообраќаат преку мостот Форт Роуд меѓу Феритол паркот и Рајд ин фајв, како и преку Единбург парк.
Автобусите се опремени со технологија со сензори и управување на Fusion Processing наречена CAVstar, која им овозможува да возат по однапред избрани патишта без возачот да мора да интервенира или да ја преземе контролата. Автобусите ќе можат да превезуваат до 36 патници на растојание од 22,5 км со капацитет за над 10.000 патници неделно.
Ако тестирањето помине добро, планирано е до крајот на ова лето автономните автобуси да почнат со превоз на патници на редовни линии. Stagecoach веќе вработи 20 возачи кои ќе бидат оспособени за надгледување на возењето на автономните автобуси.
(Vidi.hr)
(фото: CAVForth)