Компанијата Boring Company ќе почне со тестирање на нивниот Нyperloop годинава, открија на Twitter. Концептот на Нyperloop првично беше предложен од Маск во 2013 година како теоретски концепт за систем за транспорт кој ќе ги превезува патниците во автономни електрични кабини низ вакуум цевки со брзина од околу 1.000 км на час.
Во една нова објава Маск објасни дека од физичка гледна точка, ова е најбрзиот можен начин за патување од градскиот центар до други точки на растојанија помали од околу 3 километри. Исто така, Маск додаде дека во текот на наредните некоку години ќе се обидат да направат фунцкионален прототип.
Кога Маск првично ја објави својата идеја во 2013 година, ги повика другите компании да ја развиваат идејата додека тој се фокусира на SpaceX и Tesla. SpaceX исто така организираше натпревар од 2015 до 2019 година каде што студенти и ентузијасти градат прототипови на Hyperloop.
Системот се уште е теоретски, иако компании како Hyperloop TT и Virgin Hyperloop изградија концепти за таков транспорт на товар. Но, допрва ќе очекуваме функционален прототип на таквиот ултрабрз начин на транспорт.
(Interesting Engineering)
(фото: Flickr)