Како да заработите пари додека шетате и се фотографирате? Еве како

- Advertisement -

Патувањето и фотографирањето на секое патување стана речиси задолжително за многу луѓе во светот. Сега наместо само да добивате лајкови на Instagram или на Facebook, можете и да заработувате пари. Поточно, 500 долари. Звучи како идеална работа за сите кои работат на далечина.

Може да добиете и Think Tank ранец за фотоапарат вреден над 400 долари ако ве изберат да бидете фотограф на компанијата Outforia. Се што треба да направите е да ја прикачите вашите омилени и според вас најдобри фотографии од некое патување.

- Advertisement -

Експертите на Outforia бараат талентиран фотограф кој ќе може да прави убави пејзажи фотографии за нивната веб страница и за нивните канали на социјалните медиуми.

Outforia е онлајн ресурс кој обезбедува информации и истражување за активности во природа. Целта им е да станат првото место каде што ќе појдете кога сакате да дознаете нешто за се што има врска со природата и дивиот свет.

- Advertisement -

Фотографот што ќе го изберат ќе работи колку сака од дома, а ќе има плата од 500 долари. Мора да има професионално око за добро врамена слика и страст за патување на прекрасни и инспирирани дестинации.

Сите што сакаат да ја искористат оваа прилика имаат шанса да го направат тоа до 29 април на овој линк.

- Advertisement -

(Travel Noire)

(фото: Negative Space)

Сподели!
- Advertisement -