Хабитат на ООН, јужнокорејскиот град Бусан и компанијата OCEANIX го претставија прототипот на првиот одржлив пловечки град во светот. Покачувањето на нивото на морињата е егзистенцијална закан по некои мали острови и некои ниски брегови. Овој пловечки град е нивни одговор на тие опасни климатски промени.
Порталот за климатски промени и информации, Climate.gov, управуван од Националната океанска и атмосферска администрација, посочува дека гловалното ниво на морињата и океаните се зголемило за 20-23 см од 1880 година досега, а она што е пострашно е тоа дека една третина од тоа покачување се злучило во последните 25 години.
Пловечкиот град го носи името OCEANIX Busan и има за цел да донесе револуционерна технологија за крајбрежните градови каде што има недостиг на земјиште. Пловечкиот град ќе биде првиот прототип во светот на одржлив пловечки град и треба да биде инфраструктура отпорна на поплави која се подигнува заедно со нивото на морето и произведува сопствена храна, енергија и вода.
Пловечкиот град има шест интегрирани системи: за нула отпад и диркуларен систем, затворен систем за вода, систем за храна, нето нула енергија, иновативна мобилност и регенерација на крајбрежни хабитати. Тие системи се поврзани меѓусебе и генерираат 100% од потребната оперативна енергија преку енергијата од брановите и со фотоволтаичните системи поставени на кровот.
Секој од квартовите во градот ќе обезбедува сопствена вода, ќе рециклира и ќе обезбедува иновативно урбано земјоделство. Квартовите се протегаат на површина од 6,3 хектари и ќе можат да соберат 12.000 луѓе. Но, иако основната верзија е со три платформи и 12.000 жители и посетители, има потенцијал да се проширува на повеќе од 20 платформи и над 80.000 луѓе.
Дизајнер на градот е американската компанија OCEANIX, додека BIG-Bjarke Ingels SAMOO (Samsung Group) се главните архитекти на проектот.
(Interesting Engineering)
(фото: YouTube)