Јапонско кафуле нуди решение за сите кои ја одолговлекуваат својата работа

- Advertisement -

Писателите кои имаат рок за да довршат некоја работа одатво токиското кафуле Manuscript Writing Cafe затоа што знаат дека не можат да заминат оттаму додека не ја завршат работата.

Чистиот, добро осветлен локал во Токио има 10 столови резервирани за писатели, уредници и за секој што мора да напише нешто до одреден рок. Таму добиваат неограничена количина чај и кафе бесплатно, како и брз безжичен интернет.

- Advertisement -

Посетителите влегуваат, ги запишуваат своите имиња, целите за пишување и времето за кое планираат да го завршат тоа. Моат и да побараат некој да ги проверува одвреме-навреме до каде се со пишувањето. Тие може да изберат дали некој само ќе г прашува на секој час до каде се со пишувањето или една построга варијанта- некој од персоналот да им стои позади грб и да ги контролира цело време.

“Кафулето стана вирално на социјалните медиуми и луѓето сега велат дека правилата таму се страшни или дека се чувстуваат како некој постојано да ги набљудува. Но, наместо надзор, ние сме тука да ги поддржиме. Како резултат на тоа тие ќе завршат нешто за само три часа наместо да го одолговлекуваат цел ден“ велат вработените во кафулето.

- Advertisement -

За таквите свои услуги кафулето наплаќа 1,1 долар за првиот час и 2,34 долари за секој нареден час. Кафулето, кое првично било место каде што се емитуваат содржини во живо, било сериозно погодено од пандемијата, па затоа сопственикот го преосмислил во новиот формат.

Погледнете како изгледа тоа од видеото во прилог.

- Advertisement -

(CNN)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -