Цукерберг спрема “лаптоп за лице”

- Advertisement -

Плановите на Цукерберг се добро познати и главно се поврзани со мета универзумот, односно виртуелнит светови во кои луѓето ќе живеат, ќе работат, ќе се забавуваат и слично. За многумина да пристапат до тие светови потребен е и посебен хардвер, односно очила за проширена и виртуелна реалност.

Медиумите веќе подолго време велат дека Цукерберг спрема такви очила, а според гласините, Meta веќе би ги претставила да нема недостиг на компоненти и доцнење во глобалниот синџир на набавки.

- Advertisement -

Првиот таков модел на очила се развива под кодното име Project Cambria, а во Meta ги нарекуваат и лаптоп за лице. Имено, се очекува дa имаат слични спецификации како и преносните компјутери на Google, додека ќе го имаат оперативниот систем за виртуелна реалност на Meta базиран на Android.

Cambria треба да има камери кои ја снимаат околината и таа слика ќе се прикажува во нив, а очилата треба да поддржуваат технологија за следење поглед и изрази на лице, што ќе биде корисно во мета универзумите.

- Advertisement -

Според последните информации објавени на интернет, цената на овој уред треба да биде повеќе од 799 долари. Почетокот на продажбата се очекува во 2023 и 2024 година.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -