ВИДЕO: Целосно автономен болид го сруши светскиот рекорд за брзина

- Advertisement -

Тим од италијанскиот Политехнички универзитет во Милано, PoliMOVE, на пистата Ѕpace Shuttle во вселенскиот центар на НАСА, Кенеди, го донесе својот целосно роботизиран болид AV-21. Болидот го направи компанијата Dallara и со него го срушија светскиот рекод за брзина за автомобили роботи постигнувајќи брзина од 309,3 км/ч.

Со тоа италијанскиот тим го сруши претходниот рекорд од 282,42 км/ч, кој го постави Roborace.

- Advertisement -

„Ова тест возење веше возбудливо и одушевени сме со светскиот рекод, но исто така возбудени сме поради фактот дека сите податоци ќе им бидат достапни на сите луѓе, а индустријата ќе има корист од нашата работа и нашето учење. Со автомобилот управуваа исклучиво алгоритми, каде што прецизноста е најбитна, а секоја мала грешка во проценките може да направи сосема поинаков болид“ изјави професорот Серџио Савареси од Политехничкиот универзитет во Милано.

Автомобилот AV-21 е изработен во Dallari, кој дополнително е опремен со хардвер и контроли за да се овозможи автоматизација. Тоа вклучува три Luminar Hydra LiDAR сензори, кои овозможуваат сигурна автономија при големи брзини.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -