ЕУ ги воведува најстрогите мерки против Русија досега

- Advertisement -

Европската унија предлага целосна забрана на целиот увоз на нафта од Русија до крајот на оваа година и отстранување на најголемата руска банка, Сбербанк, од интернационалната мрежа за плаќање SWIFT.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека мерките се дел од шестата рудна санкции против русија после инвзијата врз Украина.

- Advertisement -

„Сега предлагаме целосна забрана за руската нафта. Сакаме да биде јасно дека нема да биде лесно, но едноставно мора да се потрудиме. Ќе се осигураме да ја намалуваме зависноста од руската нафта постепено со цел да го максимизираме притисокот врз Русија и да го минимизираме ударот за нашите економии“ изјави Фон дер Лајен.

Овој предлог треба допрва да биде усвоен од сите земји-челнки на ЕУ, но веќе ги подигна цените на суровата нафта за повеќе од 3,5%. Цените на нафтата скокнаа за речиси 40% од почетокот на годината досега поради стравот дека инвазијата на Русија врз Украина ќе создаде еден шок во синџирите за снабдување, инфлација и се поголем притисок врз европските економии.

- Advertisement -

Земјите-членки на ЕУ веќе се согласија постепено да го намалуваат увозот на јаглен од Русија, но целосната блокада не доби консензус и покрај повеќенеделните преговори.

Од почетокот на инвазијата во Украина, Европа има купено енергија од Русија во вредност од 46 милијарди долари. Проценките на Интернационалната агенција за енергија беа дека снабдувањето со нафта од Русија ќе падне за 1,5 милиони барели дневно во текот на минатиот месец, а таа загуба од почетокот на мај досега се искачи на 3 милиони барели дневно.

- Advertisement -

(CNN)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -