Светската банка проектира забавен раст за македонската економија

- Advertisement -

Македонската економија годинава ќе забави за еден процентен поен со што растот на БДП наместо 3,7 се очекува да биде 2,7 проценти според проекцијата на Светска Банка. Според најновиот полугодишен извештај земјава ќе има најнизок раст на БДП од земјите во регионот. Загрижува и обемот на дефицитот кој е поголем од првично планираниот и јавниот долг кој ќе достигне 62,7 од БДП.

Владата  да го стегне ременот во  трошење на пари, да  внимава со новите мерки колку ќе траат  и да ги насочи само кон одредена најранлива група граѓани е препораката од Светска Банка.

- Advertisement -

„Мерките како намалување на данокот на додадена вредност треба да бидат временски ограничени. Мислам дека во случајот со Македонија има краен рок, меѓутоа ваквите мерки доста е тешко да се запрат. Кога луѓето ќе се навикнат дека стапката на ДДВ е пет наместо 18 проценти, многу тешко е да се вратите на 18 проценти.
Македонија припаѓа во групата на земји со мало даночно оптоварување. Проблемот е што имате многу исклучоци поврзани со фирми кои работат во ТИРЗ или на пример данокот за личен доход во ИКТ секторот, што беше воведен минатата година. Сето тоа доведува до ерозија на даночната основа и ова не би било проблем ако немате притисок во делот на трошењето“ изјави Сања Маџаревиџ, виш економист за земјите од Западен Балкан.

Светска банка ќе прави дополнителни проекции на економскиот раст со оглед дека војната во Украина предизвикува неизвесност од сегашните проекции и сите одат во надолна линија и во земјава и генерално економијата на глобално ниво.

Сподели!
- Advertisement -