Еко-филмскиот фестивал „Стартувај го филмот за зелена Европа“ од денеска низ кината во земјава

- Advertisement -

Периодот меѓу 5 и 9 мај се одбележува како Деновите на Европа, по чиј повод оваа година во Австрија, Хрватска, Северна Македонија, Романија и Словенија започнува проектот „EU Youth Cinema Green Deal“ или „Стартувај го филмот за зелена Европа“ преку кој ќе се прикажат 25 европски филма што иницираат и инспирираат одржлив начин на живот.

Организатор и координатор на проектот е LET’S CEE Филмскиот фестивал во Виена, а истиот е кофинансиран од Европската Унија и поддржан од голем број партнери, вклучително и Cineplexx International групацијата и неколку европски невладини организации. Како координатор од Северна Македонија дејствува и Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина, „Гоу Грин“ од Скопје.

- Advertisement -

Основната цел на новиот „EU Youth Cinema: Green Deal“ е преку извонредни филмови на теми за одржливост, заштита на климата и општествена одговорност, со експертски разговори, софистициран дидактички концепт и насока кон младите ентузијасти, да се постигнат целите на Зелениот договор на ЕУ. Проектот посветува внимание на еколошките предизвици и ја промовира свеста за поодржлив начин на живот.

„Едукацијата на младите за климатските промени и заштитата на животната средина е многу важна бидејќи тие се идните генерации кои ќе ја наследат Планетата Земја. Сакаме тие да ја унапредат животната средина и да ги ублажат последиците од климатските промени преку нивните секојдневни активности, но и понатаму како професионалци во разни области“, порачува Мила Јовановска, претседател на „Гоу Грин“.

- Advertisement -

Започнувајќи во Европската година на младите 2022 година и со предвидено вкупно времетраење од 24 месеци, проектот нуди континуирана програма со силен мултикултурен пристап и јасен фокус на информирање и едукација за зелената агенда.

Селектираните филмови ќе се прикажуваат во кината Cineplexx во 20 европски градови, меѓу кои Скопје, Букурешт, Хохенемс, Марибор, Салцбург, Сплит и Виена.

- Advertisement -

Денеска во кината ќе се прикажува македонскиот документарен филм „Honeyland“, номиниран за два Оскари. Исто така, од денеска, „More Than Honey“ (Швајцарија / Германија/ Австрија) ќе биде достапен онлајн.

„Учениците не треба да бидат единствените кои ќе имаат корист од понудата за стриминг. Во прилог на голем број мултимедијални содржини, украинскиот анимиран филм „Prychynna“ како и „The Story Of Love“ ќе биде понудена бесплатно на секој што е заинтересиран ширум светот. Оваа уметничка филмска балада е „симболична слика на Украина која се бори за живот, независност и слобода“, според режисерот Андриј Шчербак. Благодарение на поддршката на претставништвото на Европската комисија во Австрија, тој ќе биде слободно достапен помеѓу 9-ти и 31-ви мај 2022 преку www.euyc.green“, се вели во најавата за претстојниот филмски фестивал за зелена Европа.

(Meta.mk)

Сподели!
- Advertisement -