Volkswagen ги распродаде сите електрични возила во САД и Европа за 2022 година

- Advertisement -

Уште не се гледа крајот на кризата на пазарот за автомобили поради недостигот на чипови и дргуи компоненти. Некои фабрики уште паузираат со производството затоа што нема доволно чипови за да составуваат автомобили, а времето на чекање од нарачката до испораката на возилата е се подолго.

На тоа неделава предупредија од Volkswagen и сите кои се заинтересирани за електрични возила од VW и да нарачаат сега, нема да ги добијат до идната година. Компанијата реќиси ги распродаде сите електрични возиал во Европа и во САД за 2022 година.

- Advertisement -

VW последните години стави голем акцент на електрификацијата и побарувачката за нивните возила со електрични мотори е се поголема. Во првиот квартал од годинава продадоа речиси 100.000 електрични возила, што е одлична бројка, но далеку од бројките на Teslа. Имено, компанијата на Маск во првите три месеци од годинава продаде околу 310.000 возила.

Според најавите, ситуацијата на пазарот за чипови нема да се подобри ниту идната година, а поради ситуацијата во Украина и карантинот во Кина, мо7е дури и да се влоши.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -